Промени тема
Контакт

Антикорупциска: Постапуваме во рамките на законските надлежности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
antikorupciska-1

Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на интереси е изненадена од изјавите на политички партии кои се обидуваат работењето на Комисијата да го искористат за дневно политички пресметки.

— реклама —

„Ваквите неаргументирани напади се штетни за институциите, го рушат нивниот интегритет, истовремено го рушат и интегритетот на политичките партии и создаваат општа недоверба во јавноста. ДКСК постапува во рамките на своите законски надлежности, неселективно ги разгледува доставените пријави, отвора предмети по сопствена иницијатива, а своите одлуки ги носи на јавна седница. За тоа говорат и фактите, имено само минатата година Комисијата донесе одлука за 479 предмети.

— реклама —
— реклама —

Имајќи предвид дека борбата со корупцијата е приоритет во земјава, Комисијата очекува сите чинители во државата да дадат свој придонес и заедно да се избориме со ова општествено зло, што е можно само со искрени и заеднички залагања од страна на сите фактори  во општеството“, велат од Антикорупциска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања