„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Антикорупциска со став дека Заев не може да биде министер за финансии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-ohrid

Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со Предлогот за избор на членови на Владата на Република Северна Македонија со бр. 08-2072/3 од 23.06.2019 година, доставен до Собранието на Република Северна Македонија, со кој, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија е предложен за министер кој ќе раководи со Министерството за финансии, смета за потребно да укаже на следното:

— реклама —

- Согласно член 72 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Службеното лице во своето работење, е должно да внимава на потенцијален судир на интереси и да преземе мерки за неогово одбегнување.“

— реклама —

- Согласно член 44 став 1 и 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси:

„Избраното или именуваното лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и „Функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга.“

Имено, во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, се вели во соопштението од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања