Антикорупциска започна од кабинетот на Иванов и неговите армиски унапредувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ivanov-vo-kicevo

Државната комисјиа за спречување на корупција на денешната седница соопшти дека го отвора предметот за именувањата во АРМ од претседателот Ѓорѓи Иванов. Именувањата и унаредувањата според сознанијата на ДКСК се направени во изборен период, што е казниво соглансо Изборниот законик. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска изјави дека ќе се достави барање до Иванов за целосна документација за да можат да постапуваат по предметот.

— реклама —

Од Кабинетот пак на претседателот Ѓорѓе Иванов испратија став за Антикорупциска која ги чешла предизборните укази.

Донесените укази на претседателот Иванов се согласно член 18 од Законот за одбрана, со кој Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали (точка 11) и поставува и отповикува воени претставници на Републиката во странство (точка 12).

— реклама —

Указите се донесени на предлог на МО и ГШ на АРМ, согласно нивните надлежности, во постапка која траеше неколку месеци, а претставува редовна обврска во делокругот на непречено функционирање на државата.

При донесувањето на шестте укази се испочитувани одредбите од Изборниот законик и одредбите од Законот за спречување на корупција.

Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овие случаи со што би се отстраниле појавените шпекулации во јавноста, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања