Промени тема
Контакт

Aнтикризните мерки ги амортизираa негативните ефекти на пандемијата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mmf-1

Последниот извештај на ММФ ги потврдува добрите фискални политики на Владата и ефективните антикризни мерки со што Владата спречила поголема загуба на работни места за време на пандемијата. Согласно анализата на ММФ, пакетите антикризни мерки за поддршка на стопанството го амортизирале негативниот ефект на пандемијата. Со ефективните фискални политики ММФ анализира дека Владата спречила голема загуба на работни места како и дека обезбедила заштита на ранливите категории на граѓани, велат од СДСМ.

— реклама —

„Согласно извештајот, економското закрепнување се очекува да продолжи во 2022 година, а ММФ предвидува растот да се зголеми од 4 отсто во 2021 година на 4,2 отсто во 2022 година. ММФ дава и позитивна оценка за Буџетот за 2022 година кој соодветно ги намалува трошоците поврзани со пандемијата, додека продолжува да ја поддржува економската активност. ММФ исто така очекува инфлацијата да започне да опаѓа во втората половина на следната година и ќе се стабилизира на околу 2% во 2023 година и периодот потоа.

— реклама —
— реклама —

Ваквите позитивни оценки на реномираниот ММФ јасно ги потврдуваат правилните економски политики на Владата, но и јасно алармираат дека во периодот кој следи е потребна стабилизација и продолжување на економското закрепнување кое се одвива во правилна насока во Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања