Антониа на аукција продава фустан, а парите се за лекување на Анета Јовановска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Capturengsdas

Пејачката Антониа Гиговска на аукција го продава свилениот фустан што го носи во спотот за песната „Хиена“, а парите ќе ги донира за лекување на Анета Јовановска, која боледува од карцином.

— реклама —

За Анета во моментов се собираат пари и преку броеви за донации. Антониа вели дека почетната сума на фустанот е 10.000 денари. Аукцијата ќе трае десетина дена, а потоа фустанот ќе го добие тој што ќе понуди најмногу.

— реклама —

„Овој фустан е првата кастом мејд креација на мојата стилистка Викторија Бурсаќ. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам. Изработен е од свила и е S конфекциски број. Парите сакам да ги донирам за Анета Јовановска што боледува од карцином.

— реклама —

Нема да бидат пари коишто ќе помогнат многу, но се надевам на неа ќе ѝ значат. Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме. Почетната цена е 10.000ден“, напиша Антониа.

Пејачката рече и дека не знае како се ставаат предмети на аукција, па затоа идејата ја објавува на Инстаграм и Фејсбук за да ја видат што повеќе луѓе и да се вклучат во хуманитарната акција.

„Ќе ми значи ако ова го споделите и вие, затоа што можеби оние коишто не ме следат ќе видат токму од кај вас“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања