Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

АП: Русија наводно развива ново оружје за уништување на сателитите на „Старлинк“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library7114t6m955a24WpeM72
Unsplash

Разузнавачките служби на две земји членки на НАТО се сомневаат дека Русија развива ново противсателитско оружје, чија цел би била „Старлинк“ на Илон Маск со деструктивни облаци од шрапнели во орбитата, со намера да се ограничи западната надмоќ во вселената, која ѝ помогна на Украина на бојното поле, пишува „Асошиејтед прес“.

Според разузнавачки информации до кои имал увид „Асошиејтед прес“, таканареченото оружје со „зонски ефект“ би настојувало да ги преплави орбитите на „Старлинк“ со стотици илјади топчиња со висока густина, што потенцијално би оневозможило повеќе сателити одеднаш, но истовремено би носело ризик од катастрофална колатерална штета за други орбитални системи.

Аналитичари кои не ги виделе извештаите изразуваат сомнеж дека такво оружје би можело да функционира без да предизвика неконтролиран хаос во вселената за компании и држави, вклучително и Русија и нејзината сојузничка Кина, кои се потпираат на илјадници сателити во орбитата за комуникации, одбрана и други витални потреби.

Ваквите последици, вклучувајќи ги и ризиците за сопствените вселенски системи, би можеле да ја одвратат Москва од распоредување или користење на вакво оружје.

— реклама —

Сомнежи на експертите

„Не верувам во тоа. Навистина не верувам“, изјави Викторија Самсон, експертка за вселенска безбедност од фондацијата „Секјур Ворлд“. „Искрено, би била многу изненадена ако направат нешто такво.“

Сепак, командантот на вселенскиот оддел на канадската војска, бригадниот генерал Кристофер Хорнер, изјави дека ваквиот руски развој не може целосно да се исклучи, имајќи ги предвид претходните американски обвинувања дека Русија развива и недискриминирачко нуклеарно оружје базирано во вселената.

„Не можам да кажам дека сум запознаен со таков систем. Но не е неверојатно“, рече тој. „Ако извештаите за нуклеарен систем се точни и ако се подготвени да го развиваат и да одат толку далеку, тогаш не би ме шокирало нешто малку помалку од тоа, но подеднакво штетно, да биде во рамките на нивните развојни можности.“

— реклама —

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори на барањата за коментар. Русија претходно повикуваше на напори во рамките на Обединетите нации за запирање на распоредувањето оружје во орбитата, а претседателот Владимир Путин изјави дека Москва нема намера да поставува нуклеарно оружје во вселената.

„Старлинк“ како клучна закана

Според разузнавачките податоци, Русија го смета „Старлинк“ за особено сериозна закана. Илјадници сателити во ниска орбита беа клучни за опстанокот на Украина во услови на руската инвазија, која сега е во својата четврта година.

Украинските сили ја користат брзата интернет-услуга на „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, насочување на оружје и други намени, а исто така и цивили и владини функционери во области каде што руските напади ги нарушиле комуникациите. Руски претставници повеќепати предупредуваа дека комерцијалните сателити кои ѝ служат на украинската војска би можеле да бидат легитимни цели.

За разлика од ракетата што Русија ја тестираше во 2021 година за уништување на еден стар сателит од времето на Студената војна, новото оружје во развој, според разузнавачките извештаи, би целело повеќе „Старлинк“ сателити истовремено.

— реклама —

Хорнер изјави дека е тешко да се замисли како облаците од топчиња би можеле да се ограничат само на „Старлинк“ и дека остатоците од таков напад би можеле „многу брзо да излезат од контрола“.

Оружје на страв

Во извештаите не се наведува кога Русија би можела да биде способна да распореди ваков систем, ниту се даваат детали дали тој е тестиран или колку е напреднато истражувањето.

Сепак, се наведува дека топчињата би биле толку мали – само неколку милиметри во дијаметар – што би можеле да избегнат откривање од копнените и вселенските системи за следење, што би ѝ ја отежнало на Москва идентификацијата на одговорноста за евентуален напад.

— реклама —

Клејтон Своуп, експерт за вселенска безбедност од Центарот за стратешки и меѓународни студии, изјави дека „луѓето би се снаоѓале“, дури и ако топчињата не можат да се следат. „Ако сателитите почнат да откажуваат со оштетувања, претпоставувам дека би можеле да ги поврзете работите“, рече тој.

Вселенскиот хаос што ваквото оружје би можело да го предизвика, според него, би ѝ овозможил на Москва да им се заканува на противниците без реално да го употреби. „Дефинитивно изгледа како оружје на страв, во потрага по некакво одвраќање“, изјави Своуп.

Орбитите на „Старлинк“ се наоѓаат на околу 550 километри над Земјата. Кинеската вселенска станица „Тјангонг“ и Меѓународната вселенска станица функционираат на пониски орбити, „така што и двете би биле изложени на ризици“, додаде тој.

Викторија Самсон смета дека недостатоците на недискриминирачкото оружје со топчиња би можеле да ја одвратат Русија од ваков чекор. „Тие вложиле огромно количество време, пари и човечки ресурси за да бидат вселенска сила“, рече таа. Користењето на такво оружје „ефективно би им го затворило и нивниот сопствен пристап до вселената“, заклучи Самсон. „Не знам дали се подготвени да се откажат од толку многу.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kineski-voeni-avioni-10

Русија почна да го извезува новиот проектил што соборува авиони, ракети и дронови

Свет | пред 9 часа

putin-094091

Путин нареди дополнителни мерки по зачестените украински напади со дронови

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

(Видео) Силна експлозија или пробивање на звучниот ѕид? Моќен тресок одекна во Москва

Свет | пред 14 часа

media-libraryivjj3snua1tb5bnBENI

(Видео) Се запали уште еден логистички центар на Wildberries по напад со дронови

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања