Ако не повлечеме црвени линии за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот, изјави вечерва пратеникот Димитар Апасиев, претседател на Левица во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
За нас црвените линии се унитарноста на Македонија, вели Аапасиев.
„Значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација. Секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна. Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот“, вели Апасиев.
Тој смета дека премиерот Зоран Заев и неговиоте слаби дипломати ги предизвикаа проблемите со Бугарија. Апасиев вели дека мора да се поништи Преспанскиот договор, а преговорите со Бугарија да се напуштат.
„Треба да ги продолжиме преговорите со ЕУ, но мора да ги напуштиме преговорите со Бугарија. Во преговорите на маса се идентитетските одредници и затоа, потребна е резолуција за црвените линии. Мора да се зачува достоинството на народот. Ние ќе бидеме новата Турција, која триесетина години преговара со ЕУ. Светот е мултиполарен и има алтернативи. Кина за една деценија ќе стане најсилна економија…“, рече Апасиев.