БЕСА има моќ да ја собори Владата на Заев!
За да го избегне тоа, Заев го пушта контроверзниот Закон за државјанства со "европско знаменце". Така ги купува Алијанса и Алтернатива - како бекап варијанта, во случај на гласање недоверба на Влада, напиша на својот ФБ профил пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.
Апасиев во објавата додава:
Цената на тоа е нов етно-инженеринг и промена на демографската слика, преку нов процес на косоваризација на Македонија (и фалсификување на Пописот)! Ама, нема цена што зоти Заев не е спремен да ја плати за да се одржи на власт.
p.s. Интересен ќе биде ставот по ова прашање на "граџанскиот центар" на ДОМ, ЛДП и ДС. Дали тие ќе го голтнат овој најнов антидржавен етношовинизам на СДС+ААА?
p.p.s. А каде е ДПМНЕ у приказнава!? Е каде е де?