Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Апасиев го опомена Џафери затоа што го симна од дневен ред законот за легализација на дивоградби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
apasiev-sobranie-1

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, реагираше на почетокот на денешната собраниска седница до спикерот Талат Џафери затоа што го повлекол од дневниот ред на денешната седница законот за легализација на бесправно изградени објекти, наместо да го стави на повторно изјаснување, поради ветото од претседателот Стево Пендаровски, објави 360stepeni.mk.

„Со каков легитимитет тргате точка која веќе не е предлог-закон, туку закон, како што и самите сте навеле во првичниот дневен ред. Владата, како предлагач на законот, има право да го повлече додека е предлог, а откако тој закон ќе биде изгласан, улогата на предлагачот станува небитна“, рече Апасиев и посочи на одредбите што се однесуваат на процедурата за трето читање на закон што не го потпишал шефот на државата.

— реклама —

Џафери одговори дека го повлекол законот од дневен ред откако Владата, на барање на повеќе субјекти, информирала дека го повлекува законското решение од процедура и дека ќе достави ново.

— реклама —

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања