Промени тема
Контакт

Апасиев: Киднапирањето на Мадуро е брутално кршење на меѓународното право, зад нападот врз Венецуела стојат нафтата и минералите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL
YouTube/Print Screen

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, остро реагираше на американската воена операција во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро, оценувајќи го настанот како грубо кршење на меѓународното јавно право и чин надвор од здравиот разум.

„Дивјаците од Запад киднапираа претседател на суверена држава и неговата жена, само за да докажат дека им се може“, напиша Апасиев на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за опасен преседан во меѓународните односи.

— реклама —

Тој посочи дека интервенцијата не може да се оправда ниту правно, ниту морално, без разлика на политичките аргументи што ги користат САД и нивните сојузници. Според Апасиев, ваквите потези го уриваат целиот концепт на суверенитет и ја поткопуваат меѓународната правна рамка воспоставена по Втората светска војна.

— реклама —

Во својата објава, Апасиев дополнително укажа и на економската димензија на интервенцијата, наведувајќи дека Венецуела е држава со речиси 30 милиони жители и со најголеми резерви на нафта и минерали во светот. Тој сугерира дека токму природните богатства се клучниот мотив зад воената акција, а не, како што се тврди, демократијата или безбедноста.

— реклама —

Реакцијата на Апасиев доаѓа во контекст на спротивставени ставови во македонската јавност, откако официјални претставници на Владата ја поздравија акцијата на САД, додека дел од опозицијата и јавните интелектуалци предупредуваат дека ваквите интервенции отвораат опасна врата за легализирање на силата како средство за решавање на меѓународни спорови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за западнонилската треска: Наместо навремено прскање и чистење на жариштата, вината се префрла на вазни по гробишта

Коментари | пред 4 седмици

apasiev

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања