Промени тема
Контакт

Апасиев најави кривична пријава против Цвета Ристовска по нејзината оставка од ДКСК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
apasiev

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, најави дека неговата партија ќе поднесе кривична пријава против Цвета Ристовска, која вчера поднесе оставка од Државната комисија за спречување на корупцијата.

— реклама —

Во објава на социјалните мрежи, Апасиев наведе дека оставката не значи крај на постапките што ги најавува Левица. Тој тврди дека правниот тим на партијата подготвува кривична пријава за, како што посочува, „лажирање на податоците од Анкетниот лист“, односно за прикривање фирми поврзани со нејзините синови, што според него претставува кривично дело согласно Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Апасиев истакна дека, доколку Левица не ги објавела, како што ги нарекува, „серијата скандали“ поврзани со Ристовска, таа и понатаму ќе ја извршувала функцијата во Комисијата. Тој додаде дека е штета што, како што наведува, не се реализирала интерпелацијата што била подготвена и доставена во Собранието.

— реклама —

Во својата изјава, лидерот на Левица оцени дека партијата станала „снајперист за корумпираните“, наведувајќи дека сè повеќе свиркачи и лица од институциите им доставуваат информации за наводна корупција. Апасиев ги повика граѓаните кои располагаат со докази против корумпирани функционери да ги достават до Левица, гарантирајќи дискреција и најавувајќи дека партијата ќе покрене правни процеси против сите инволвирани, без разлика на нивната партиска припадност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања