Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Апасиев објави упаство за неучество на пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-apasiev-5

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, објави упатство за неучество на пописот на население кој започна од денес. Тој смета дека пописот е за отпис на Македонците, а може да се сруши со масовно неучество.

“Се сеќавате на егзодусот на Евреите од египетското ропство... Во Библијата има една сцена, кога Мојсеј ги избавува сонародниците од тиранијата на фараонот преку БЕЛЕЖЕЊЕ НА ВРАТИТЕ: „И кога ќе мине Севишниот да го поразува Египет, штом ќе го види знакот на прагот и на довратникот, ќе ја одмине таа врата и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куќите ваши“ <3

— реклама —

Епа, другари, дојде времето за ПАСИВЕН ОТПОР на Македонците против домашниот окупатор кој, за да остане на власт, се договорил да ја разнебити нашата Република преку вештачки етно-демографски инженеринг на населението. Ако ова го дозволиме, како народ, за неколку децении ќе бидеме дел од една Голема држава. И не се жалете - од нас зависи!

— реклама —

Затоа, УПАТСТВТО ЗА НЕУЧЕСТВО во фингираниот Попис 2021 е многу едноставно:

— реклама —

1. Залепете ја оваа лепенка на вашата врата;

2. Не отворајте врата на попишувачите во месец септември;

3. Игнорирајте го оставеното пусулче од нивна страна (не се карајте, не ги навредувајте, не ги пцујте, не ги бркајте);

4. Немаат правен основ за да ве глобат, но во случај да добиете било каква опомена/казна - обратете се до нас за стручна правна помош.

p.s. Само масовна НЕСОРАБОТКА може да го урне овој фалсификат! Ако, пак, дозволиме да успее - албанските партии веќе никогаш нема да прифатат иден попис и ќе започне трауматичен период на сецесионизам и распаѓање на државата. После, немојте да се жалите.

p.p.s. За охрабрување на вашите соседи, можете да споделите и слика од вашата обележана врата. ;)

#Вратопољубие

#НеОтворамВрата

#НеУчествувамВоВашиотФалсификат“, напиша Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања