Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Апасиев од Велес: Левица се факторизира како втора партија во државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarys8b2fdmrfg108TXYQZ6
Левица

,,Левица за првпат има шанси во некои општини да биде втора партија, веднаш зад ДПМНЕ, што значи дека се факторизира како втора партија во државата. Мислам дека тој налет, којшто сега, за среќа, се поклопува со овие избори, е незапирлив, без оглед на тоа какви опструкции прават", истакна претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, од средбата со граѓани во Велес.

— реклама —

- Оттука, од мојот роден град, Титов Велес, традиционално, ја почнуваме кампањата. Овие избори класична кампања нема да имаме затоа што сме цензурирани. Од што сме цензурирани? Цензурирани сме од премиерот Мицкоски, директна порака, од медиуми, значи, од телевизии, радија, весници, интернет портали и друго. Сето тоа е забрането за една регистрирана и легитимна политичка партија, за првпат во плуралистичка Македонија. Судовите се паднати од Марс, секаде се обративме, сите се прават „на Тошо“. Оваа лакрдија ќе заврши во Стразбур, но ќе заврши по две - три години и затоа овие избори Левица нема да има рамноправен старт, но дијалектички ние ќе го постигнеме историскиот максимум. А тоа е - ќе одиме на над 70.000 гласа, коишто ги освоивме на Парламентарните избори - образложи лидерот на Левица, Апасиев.

— реклама —

Тој ја истакна и штетата што е нанесена од ваквото цензурирање.

— реклама —

- Штетата изразена во евра е околу 400.000 евра, коишто ни се ускратени за платено политичко рекламирање, а коишто ние не можеме да ги дистрибуираме до медиумите. Тоа е паричната штета, политичката штета е поголема, огромна. Нашите кандидати на трка од 100 метра тргнуваат од нула, а тие тргнуваат од 90 метра. Тоа е сликовито каков е теренот, меѓутоа она во што ние полагаме надеж се младите, коишто полека, но сигурно, се вртат кон нашите кандидати и тука е нашата компаративна предност. Очекуваме, како што кажав, историски скор и конкретно - во Велес очекуваме и да го зголемиме бројот на советници, досега беа тројца, ќе влезат, можеби, и повеќе. Мислам дека овој нефер третман народот интуитивно го чувствува и се враќаат кон послабиот, кон оној кому му се прави неправда. И оттука, очекувам да се сврти во наша полза - рече Апасиев.

- Иако одбранбените механизми кои ни стојат на располагање веќе ги исцрпивме - Уставниот суд спие, Основниот граѓански суд се огласи како ненадлежен, Правниот суд - исто така, Комисијата за спречување на дискриминација дава само мислење, нема егзекутивно многу, така што овие избори ќе бидат низ вода, практично, за нас. Но ќе ги добиеме пред Стразбур, а потоа некој ќе треба да сноси не само политичка, туку и материјална одговорност, односно, ние ќе си ги бараме по судски пат овие пари коишто ни следуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 5 дена

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 5 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања