Промени тема
Контакт

Апасиев: По налог на Мицкоски, само на Левица и е забрането рекламирање - Уставниот суд веднаш да се изјасни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library3du705lct2tlbVqaZ0g
FB

,,Оваа прес - конференција ја свикавме по повод скандалозното и досега невидено однесување на органите на власта спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија, во случајот тоа е Левица, кога од сите вонпарламентарни и парламентарни партии за прв пат во историјата на независна Македонија само на една партија и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми", истакна на денешната прес - конференција, Претседателот на Левица, пратеникот, проф. д-р Димитар Апасиев.

,,Скандалот да е уште поголем - не само што ни се забранети државните пари кои по закон ни следуваат, туку и доколку би имале наши пари, ние ќе не можеме да се рекламираме, затоа што со едноставно пропуштање, односно неспоменување во четирите законски предвидени пакети, ние сме изоставени комплетно како да не постоимe на политичката сцена", појасни лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

— реклама —

Апасиев рече дека ова е директна последица и пратен абер директно од премиерот преку неговиот подлизурко Зоран Трајчевски, ,,вечити" директор на АВМУ, којшто на овој начин се обидува да ù ги скратат крилата на Левица.

— реклама —

,,Сакаме да им порачаме дека ова нема да помине, напротив, ќе има обратен ефект на бумеранг, бидејќи народот гледа како на една партија и се прави класична неправда! A во меѓувреме ние се екипиравме со адвокатски тим, ќе поднесеме ,акцио популарис', односно тужба со временa мерка за стопирање на ова упатство и бараме од Уставниот суд веднаш уште денес да се произнесе со временa мерка, затоа што не знам дали знаете - три случаи досега вакви имало и Уставниот суд прави финта, а тоа е дека кога поднесуваме ние претставка или иницијатива, тој го става актот за гласање во декември и констатира многу бегло дека актот повеќе не е во сила и нема што да оценува", потенцираше тој.

— реклама —

,,Предосеќам, како професор по право, дека овој случај ќе заврши во Стразбург, но тоа би траело две-три години од сега, така што штетата која сега ни е нанесена, ние парично ќе ја вратиме по две-три години, но ќе биде удар врз демократиjата во Република Македонија. Сакаме да порачаме дека Левица не се откажува ниту правно, ниту политички и дека Левица на овие локални избори ќе го достигне својот историски максимум, така што не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!", поентираше Претседателот на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

apasiev

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Јаневска сфати дека со лажење не оди, па сега молчи пред сопствениот правилник - бодови нема и останува некој конечно да сноси одговорност за партизирање и на студентските домови

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd143n0lh9tmfa5C1yiL

Левица: „Во сезона кога западнонилската треска урива негативни рекорди, Град Скопје упорно крие дали навремено и колку ефикасно прскал - Левица поднесе жалба поради молкот на градот“

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Левица: Оризарите произведуваат за 25, а откупот е 18 денари - ДПМНЕ го претвори земјоделството во работа за загуба

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања