Промени тема
Контакт

Апасиев предлага закон за спас од Кацарска и судиите од Уставен суд кои ги вика „разбојничка дружина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-apasiev-5

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев е револтиран бидејќи Уставниот суд не го укина Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и 10.

„На меѓународниот ден за борба против корупцијата, Кацарска и нејзината „разбојничка дружина“ од Уставниот суд, одбија да го укинат еден од најкоруптивните закони донесен во историјата на Македонија (за градење на коридорите 8 и 10). Спас од овие некадарници, кои се срам за правната теорија, е да донесеме специјален Закон за уставни судии кој, во преодните и завршни одредби, ќе им го прекине мандатот на овие гревчиња преправени во тоги, кои сакаат да се претставуваат како 'истакнати правници'“, напиша Апасиев.

— реклама —
— реклама —

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, со посебен предлог за издавање времена мерка за стопирање на неговата примена се додека судот не се произнесе.

— реклама —

За Законот, што веќе е објавен во Службени весник, од ДКСК по извршената антикорупциска проверка, оценија дека е со висок ризик за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Сметаат дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања