Лидерот на Левица, Димитар Апасиев смета дека на Данела арсовска која е независен кандидат за градоначалник на Скопје и следуваат 3% од буџетот кој го дава Државната изборна комисија за рекламирање во медиуми и нејзино промовирање. Тој смета дека има кривична одоговрност во овој случај.
„Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма - како и за сите останати "независни кандидати". Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!? ДИК, АВМУ и Антикорупциска, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности. Btw, овде има и кривична одговорност за нелегално трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број - а не за оној кој му следува. Ама, договорот Заев и Мицко не признава закони! #ПрофитериИзмамничк #ШирокаКоалиција“, смета Апасиев.
Тој и претходно реагираше. Апасиев смета дека Државната изборна комисија има за цел да ја оштети Левица одземајќи и од средствата за платено политичко рекламирање за изборите. Тој пишува дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски наместо само на Левица и ДПА, сака пари за рекламирање да даде и на други шест субјекти. Апасиев тврди дека тие не исполнуваат услови.