Промени тема
Контакт

Апасиев со критика за работата на Пошта: Трет ден не прима писма, адвокати пропуштаат рокови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
apasiev

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи упати остри критики кон АД „Македонска пошта“, тврдејќи дека веќе трет ден не се примаат писма, поради што, според него, адвокати пропуштаат законски рокови за жалби.

„Македонска ПОШТА веќе трет ден не прима писма! Адвокати пропуштаат рокови за жалби. Никој не им го опира“, напиша Апасиев.

— реклама —

Во продолжение од објавата, тој изнесе и други тврдења за работењето на претпријатието

„Поштата ни е дувло за овие ‘по Рамковен’. Некои од нив знаат само бројки на македонски. Букви јок! Не знам дали знаете, ама има вработени кои лежат во затвор во Италија, а тука им тече плата!? Новинарите нека испитаат“, напиша Апасиев, без да приложи докази за овие тврдења.

— реклама —

Тој ја спореди и брзината на доставата со поштенските системи од минатото.

„Одма ми е полесно на душава кога ќе прочитам дека поштата на Маите и Ацтеките во Латинска Америка во Средниот век била побрза од нашава. И ова не ми е сарказам, туку потврден факт. Еве, на пример, мене честитката од еден министер за Нова година ми стигна во април“, наведува Апасиев.

— реклама —

На крајот од објавата, тој упати и политичка порака кон премиерот Христијан Мицкоски.

„Да не го налутам премиеров Мицика. Доста му се десија гомнарии периодов. Да не го нервирам дополнително, оти ќе мора пак анкети наместени да прави за рејтингот да си го наштелува“, напиша Апасиев.

— реклама —
media-libraryrvlba35a74kq7HpMmYc

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска: „Јас си стојам на зборот“

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев за западнонилската треска: Наместо навремено прскање и чистење на жариштата, вината се префрла на вазни по гробишта

Коментари | пред 1 месец

apasiev

„Во изминатите 15 години умреле вкупно пет пациенти од западнонилска треска, а сега за само едно лето починаа четворица“, вели Апасиев

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања