„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Апасиев со жесток одговор на понудата од Мицкоски: Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-apasiev9

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, како и лидер на партијата одговори на повикот од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обедување против СДСМ и Зоран Заев.

— реклама —

„Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!? Мицковски во реалноста: - двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица; - Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата; - договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија; - аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија; - ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ); - прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда; - прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса); - малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)... И, кога после се, идат анкетите пред Локални - гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? 😉 Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт“, му одговори Апасиев на Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања