Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Апасиев: Шверц со европско знаме за неписмените кадри на ДУИ да станат судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dimitar-apasiev9

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев обвини дека во Собранието се прави шверц на Законот за академија на судии и јавни обвинители кои треба да се усвои по скратена постапка, за неписмени кадри на ДУИ да станат судии.

— реклама —

— реклама —

„Да знае јавноста зошто е овој закон. Овој закон е за да се протнат неписмените кадри на ДУИ кои одвај го владеат македонскиот јазик - да бидат судии и јавни обвинители. Бидејќи не положиле претходно, сега ќе им се овозможи писмено да им се додадат поени и да станат судии. Исто како случајот со фалсификуваните дипломи од Драч за англиски јазик, каде појма немаат да бекнат и незнаат пресуда да прочитаат.

— реклама —

Сега, претседателе, Вас ви се обраќам. Собранискиот Деловник вели дека „кога предлогот на закон содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската унија, во воведот се наведуваат и податоци за изворниот акт на Европската унија со полн назив, број и датум.” Дополнително, со предлогот се поднесува и изјава за усогласеност, потпис на надлежниот министер и наведување на правниот акт на Европската унија со кој е извршено усогласувањето.

Ваква коресподентна табела и Изјава отсуствува во списите! Оттука, Вие (како претседател на Собранието) сте биле должни да побарате од предлагачот да го усогласи.

Зборот ми е, дали сефтето ќе го почнуваме и со Вас, како со Таљат, за носовесно вршење на служба и да ви поднесуваме кривични пријави?!", вели Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања