Промени тема
Контакт

Апасиев: Универзитетските „дебати“ за новиот закон се фарса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
apasiev-sobranie

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, остро реагираше на јавните дебати што министерката за образование ги организира низ универзитетските кампуси по повод новиот Закон за високо образование.

— реклама —

Апасиев оценува дека станува збор за, како што наведе, „амортизација на гневот“ од законот, кој го нарече налудничав, тврдејќи дека дебатите се селективни и однапред режирани. Според него, на средбите биле поканети само редовни професори, додека вонредните професори, доцентите, асистентите, демонстраторите и студентите биле изоставени.

— реклама —

Тој тврди дека токму тие категории ќе бидат најпогодени од законските измени и дека со нивното маргинализирање се отвора простор за партиско влијание и кадровски решенија што, според него, не се засноваат на академски квалитет.

— реклама —

Во објавата, Апасиев се повика и на претходни академски иницијативи, посочувајќи дека во минатото бил формиран Професорски пленум како реакција на слични политики, и алудираше дека денес недостига организиран отпор од академската заедница.

— реклама —

Од Министерството за образование засега нема реакција на наводите изнесени од Апасиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 23 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања