Апелација го ослободи Мијалков од притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата во имот на поранешниот шеф на УБК, но му го одзеде пасошот и има обврска да се јавува во судот.

— реклама —

Поранешниот директор на УБК,Сашо Мијалков, излегува од притвор откако судот ја прифати понудената гаранција од 11 милиони евра. Мијалков од 26 февруари е во притвор во Затворот Скопје. Тој неправосилно беше осуден на осум години затвор заслучајот „Трезор“, за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК. Првостепена пресуда од 12 години затвор има и за случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување, а во тек се и неколку други предмети за коишто е обвинет.

— реклама —

Тој ќе биде пуштен на слобода откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од 11.106.501 евра. Неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата во имот.

— реклама —

Поранешниот прв човек на тајната служба ќе излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање под хипотека на имотот што е понуден како гаранција. За да се спречи бегство, судиите му определиле мерки на претпазливост, со коишто ќе му биде одземен пасошот и има обврска да се јавува во судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања