Промени тема
Контакт

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на 3 години и 10 месеци затвор за трговија со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
vasil-jovanov

Апелациониот суд во Скопје донесе нова одлука со која го осудува Васил Јованов на единствена казна затвор од три години и десет месеци за кривичното дело поврзано со неовластено производство и продажба на наркотични дроги, откако Врховниот суд во мај годинава ја укина претходната второстепена пресуда и го врати предметот на повторно одлучување.

Како што информира судот, решението е донесено на јавна седница што се одржа на 11 јуни 2025 година, по предмет со ознака КЖ-481/25. Притоа, Апелација ја отфрли жалбата на обвинетиот како неоснована и го преиначи делот од пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во однос на изречената казна – наместо мерка упатување во воспитно-поправен дом, му е изречена ефективна затворска казна.

— реклама —

Јованов е осуден на една година затвор за едно дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик и на три години за друго дело според истиот член во врска со член 22, по што му е изречена збирна казна затвор од три години и десет месеци, согласно член 44 став 2 точка 2 од КЗ.

Одлуката ќе биде јавно објавена на веб страницата на судот, во согласност со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

— реклама —

Апелациониот суд веќе еднаш донесе иста пресуда во февруари годинава, отфрлајќи ја жалбата на Јованов, а прифаќајќи ја жалбата на скопското Обвинителство, со што наместо заводска мерка, беше определена затворска казна. Меѓутоа, Врховниот суд на 7 мај ја укина тогашната пресуда и наложи повторно судење.

— реклама —

Освен оваа пресуда, Јованов на 13 мај годинава доби 12 години затвор поради признание на вина за тешко дело против безбедноста во сообраќајот – случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања