Евроамбасадорот Самуел Жбогар, заедно со сите претставници на Советот на ЕУ за проширување на Западен Балкан, аплаудираа на осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, по завршувањето на средбата која се одржа во Собранието. Жбогар заедно со претставниците на осумте пратениците им изразја благодарност за нивната пожртвуваност во процесот за уставните измени, иако тие биле потценувани и навредувани од страна на колегите од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Жбогар е дециден дека осумте пратеници минале низ тежок пат, но биле клучот Македонија во јуни да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.
Наспроти позитивниот исход од средбата на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, молк од Белата палата за реакциите на Жбогар по средбата со Мицкоски. Оттаму не кажаа дали Жбогар ги поддржува во нивните чекори да и натаму го бојкотираат уставното име на државата, но и нивната желба СЈО да биде само оддел во Јавното обвинителство, а со тоа да нема независност. Од ВМРО-ДПМНЕ пред два дена испратија само празно соопштение преку кое кажаа за што се разговарало, но не и заклучоци од средбата
Она што е јасно е дека Европската Унија и евроамбасадорот Самуел Жбогар вчера јавно ги повикаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат со кочење на интеграцијата на земјата и да го усвојат нацрт-законот за Јавно обвинителство. Жбогар и натаму се заложува да им се покаже на граѓаните и меѓународната заедница дека има посветеност да се воспостави одговорност за сите видови криминал преку регулирањето на статусот на СЈО, што со амандманите на ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во ќор-сокак. Овој закон е еден од повеќето кои Европската Унија бара да бидат усвоени пред да се одреди датумот за пристапните преговори.
По остварените средби и низата соопштенија од ЕУ и Жбогар, станува јасно дека тие се лути на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но цврсто стојат зад чекорите на Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, кои Мицкоски ги избрка од партијата откако тие гласаа за уставните промени во Собранието.
Работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан вчера покажа интерес за помирување на осумте независни пратеници со ВМРО-ДПМНЕ. Според извори на „Скопје 1“ целта е да тие влијаат на ВМРО-ДПМНЕ да носи разумни одлуки, да застане зад процесот за интегрирање на државата во Европската Унија и да му укажат на Мицкоски дека патот по кој оди опозицијата е погрешен.
Линкови од преземени информации за кратката анализа:
СО РЕШАВАЊЕ НА ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИОТ СПОР, ДРЖАВАТА ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО
Statement of the Head of Delegation on the amendment of the Law on Public Prosecution