Промени тема
Контакт

Апликацијата „Where Are You“ доаѓа во Македонија: Жртвите на насилство со еден клик ќе можат да пријават каде се и да побараат помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarya478dfnfabggbUaV0kO
Илустрација / Скопје1

Директорот на Центарот за управување со кризи најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, која ќе овозможи побрза и попрецизна комуникација со службите за итни случаи преку системот 112.

Апликацијата ќе им овозможи на граѓаните директно да ја испратат својата точна локација од местото на настанот, како и фотографии и видеоснимки, со што надлежните служби ќе добијат попрецизни информации за состојбата на терен.

— реклама —

Покрај тоа, ќе биде овозможена и директна видео-комуникација со Оперативниот центар во итни ситуации, што треба дополнително да ја подобри координацијата и брзината на интервенциите.

— реклама —

Дополнителна новина е функцијата „Silent Call“, која е наменета за жртвите на семејно насилство и за лицата што се наоѓаат во опасност. Со оваа можност тие ќе можат тивко и безбедно да побараат помош, без да мора да зборуваат со оператор.

— реклама —

Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека со воведувањето на овие функционалности продолжува модернизацијата на системот 112, со цел да се обезбеди поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања