Apple планира да го избере Samsung Display за ексклузивен добавувач на OLED екрани за претстојните модели MacBook Pro, покажува нов извештај на јужнокорејскиот портал The Elec.
Според информациите, новите 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro со OLED екрани чувствителни на допир се очекува да бидат претставени кон крајот на 2026 или на почетокот на 2027 година.
Иако претходно се шпекулираше дека и LG Display ќе биде меѓу потенцијалните добавувачи, Apple наводно се одлучил за Samsung поради неговата понапредна производствена линија за OLED панели од генерацијата 8.6, која нуди поголема ефикасност.
Според извештајот, Samsung Display треба да испорача околу 2,5 милиони OLED панели за новата генерација MacBook Pro.
Воедно, се наведува дека Samsung би можел да биде и единствениот добавувач на OLED екрани за идниот iPhone Ultra, што дополнително ја зацврстува соработката меѓу двете технолошки компании, и покрај нивното долгогодишно ривалство.