На 07.10.2021 во 18.40 часот на ул.„Даме Груев“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (08.10.2021) во с.Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Одделот за криминалистичка полиција при МВР го лишиле од слобода И.Р.(49) од с.Банско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.10.2021 во 11.10 часот на ул.„Челопек“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода В.К.(34) од Скопје. Тој бил затекнат веднаш по извршување кривично дело разбојништво во продажен објект на ул.„Челопек“, при што со закана со пиштол од сопственикот одзел пари, а откако пристигнале полициски службеници им се заканил со пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.
На 07.10.2021 во 15.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски служебници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело. За настанот бил известен Јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.10.2021 во 16.20 часот на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го привеле З.М.(61) од с.Боговиње, тетовско, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека во службената евиденција е предмет на потрага по телеграма од Сектор за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
На 07.10.2021 во 17.30 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода У.Ѓ.(63) од Битола, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“ издадена од СВР Битола, Одделение за потраги. Лицето е предадено на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје за спроведување во Затвор Битола.
На 07.10.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.М.(20) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ бил каснат од куче скитник.
На 07.10.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 26 мерки, меѓу кои 9 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 8 за управување возило без возачка дозвола, 5 за нерегистирани возила, 3 за управување возило под дејство на алкохол и 1 за некористење сигурносен појас.
На 07.10.2021 во 10.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Штип, во близина на с.Тркање, патничко возило „пежо“, со кочански регистарски ознаки, управувано од М.Б.(48) од Кочани, излетало од коловозот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
На 07.10.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје, А.Г.(37) од Скопје пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 07.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 11 мерки, од кои 7 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 4 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
На 07.10.2021 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на крстосницата кај с.Мажучиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел фронтера“, управувано од Д.Р.(26) од с.Лажани, прилепско и патничко возило „ауди“, управувано од Р.Ф.(37) од с.Десово, прилепско, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „ауди“, Ѓ.Т., а со телесни повреди се здобил возачот од другото возило, Д.Р, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Прилеп.
На 07.10.2021 во 19.00 часот во Полициската станица Карпош, О.С.П.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Скупи“ била касната од куче скитник.
Во текот на изминатото деноноќие (07.10/08.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 24 прекршоци.