Промени тема
Контакт

Апсења, сообраќајки, мигранти, гранати: Полицијата со полни раце работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0737

На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија. З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.10.2021 во 14.30 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од собода Б.Д.(46) од Скопје, поради сомнение дека на 11.10.2021 од бул.„Борис Трајковски“ одзел патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.Н. од Скопје, со кое подоцна во с.Ново Село, скопско, удрил во возило „цитроен берлинго“, сопственост на К.М. од Скопје и го напуштил местото. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 242 од Кривичниот законик.

На 13.10.2021 во 07.40 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода В.Р.(28) од Р.Косово, затоа што при извршена гранична контрола било констатирано дека во 06.30 часот остварил влез на Граничен премин „Долно Блаце“ и потпишал транзитна изјава за транзит до Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, но не се придржувал на изјавата. В.Р. бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.

На 14.10.2021 во 00.50 часот во Валандово, полициски службеници од Полициската станица Валандово го привеле A.E.(27) од Република Турција, со престој во с.Дедели, валандовско, затоа што на 13.10.2021 во 23.00 часот физички го нападнал Н.М.(42) од с.Башибос, валандовско. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 13.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека на трибина на Градскиот стадион „Тумбе Кафе“ во Битола биле пронајдени артилериски гранати. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека станува збор за две артилериски гранати со калибар 75 мм и една артилериска граната со калибар 105 мм од Првата светска војна.

— реклама —

На 13.10.2021 во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар привеле малолетник од Скопје, кај кого бил пронајден нож. По документирање на случајот, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.10.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа сид“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(36) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

— реклама —

На 13.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 14 мерки против возачи, од кои 9 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и 5 за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 2 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 13.10.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“, непознато патничко возило удрило во пешакот Д.А.(70) од Скопје, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Терза“. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.10.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.Б.(74) од Скопје пријавила дека во населбата Влае била касната од куче скитник.

— реклама —

На 13.10.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во рудник „Бучим“ во близина на Радовиш, при изведување работни задачи како подизведувачи ангажирани од планинарскo-алпинистички клуб од Радовиш, починале З.М.(45) и Д.С.(20), двајцата од Радовиш. Од страна на лекар била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од ОВР Радовиш и Tрудови инспектори, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие (13.10/14.10.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 25 прекршоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања