На 15.02.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Карпош е лишен од слобода Џ.З.(29) од Скопје. Тој е осуден на 7 години и 6 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал за доиздржување на 1 година 1 месец и 13 дена затвор. Џ.З. е приведен во полициска станица по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за доиздржување на казната.
Апсење во Карпош: Полицијата приведе криминалец
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија