Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
siljanovska-inaguracija-sobranie

„СДСМ остро ја осудува последната фарса на власта и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која, наместо да преземе одговорност за скандалозните помилувања, се обидува со театрални потези да го смири гневот на јавноста“ велат од СДСМ и додаваат:

Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Еден од тие помилувани лица, Акиф Бејадин Равманоски, кој е поврзан со нарко-кланот „Барон“, беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство.

— реклама —

Дали со ова апсење МВР се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука на претседателката?

— реклама —

Токму на ова предупредуваше СДСМ и опозицијата – дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност.

Овие апсења не може да ја оттргнат одговорноста на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ – тие ги ослободија криминалците, и сега, кога тие повторно прават злосторства, се обидува да ја амортизира штетата со спектакуларни апсења.

— реклама —

СДСМ прашува: зошто беа помилувани лица осудени за обид за убиство и поврзани со нарко-кланови и кој го нарача тоа? Зошто овие опасни криминалци повторно се на улиците, наместо зад решетки? И дали ова е дел од планот на власта да ги заштити криминалците, додека граѓаните секојдневно се чувствуваат помалку безбедни?

Претседателката Силјановска не може да се крие зад Комисијата за помилување. Таа е таа која има последен збор, и таа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица и дали со ова директно ја загрозува безбедноста на граѓаните. Време е власта да престане да ги штити криминалците и да започне вистински да се грижи за граѓаните.

Граѓаните заслужуваат вистинска одговорност и сериозен однос кон нивната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari-1

СДСМ: Цените растат, платите стагнираат – Мицкоски ги остава граѓаните да тонат во сиромаштија

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 2 дена

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања