Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 42 минути -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Животот на граѓаните поскапува, стандардот опаѓа. Вредноста на синдикалната минимална кошница во ноември достигнала 70.827 денари, за 469 денари повеќе од претходниот месец. Со кирија за стан кошничката е дури 90 илјади денари и ниту три минални плати не ја покриваат, врлат од опозициската СДСМ.

„Само за храна и пијалоци на едно семејство му се потребни дури 26.000 денари месечно.

— реклама —

Од почеток на 2027 година се најавуваат и нови поскапувања на струјата и на парното што ќе биде уште еден удар во и така нискиот стандард на граѓаните.

— реклама —

Народот едвај врзвува крај со крај, затоа што платите не ги следат поскапувањата.

Наместо конкретни мерки и решенија за намалување на цените и помош на ранливите, владата на Мицкоски не прави ништо, граѓаните се оставени сами да се справуваат со растечките трошоци и сè потешкиот крпен живот.

— реклама —

Организираната криминална група одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, нема пари за работниците, нема пари за земјоделците, нема пари за поголем студентски оброк. Пари има само за тендери.

— реклама —

Арамиската власт на Мицкоски ги осиромашува граѓаните додека им трупа нови долгови на грбот на наредните генерации. 4 милијарди евра за 2 години и уште 2 милијарди евра нови долгови за 2027 година кои се најавуваат.

Парите одат само за криминални тендери а не за граѓаните кои се со празни паричници и празни фрижидери“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library0cfj5c49eoj6eEiT0xx

Талески: ВМРО го партизира и Советот за граѓански надзор – партиски вдомувања за паушали од 90.000 денари

Македонија | пред 2 дена

media-library93nenmtullj09tH7s2N

„Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfrm7d2bpuidgfvHVxlg

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања