Свет

Закани за поставени бомби во 15 трговски центри во Москва

Повеќе од 5.000 лица беа евакуирани денес во 15 трговски центри низ Москва поради добиени закани за поставени бомби во нив.

Подоцна е утврдено дека овие закани биле лажни. Анонимните повици следеле еден по друг нешто по 11:30.

Заканите за бомба потекнуваат од телефонски број регистриран во Украина.

Меѓу евакуираните трговски центри се и „Цветној“, „Атриум“, „Магаполис“, „Капитолиј“, „Хорошо“ и „Горбушкин Двор“.

Во периодот од септември до декември 2017 година во Русија беа регистирани серија лажни закани за поставени бомби, поради што беа евакуирани над 2,6 милиони лица од околу 4.000 објекти.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток