Спорт

Утре кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ќе играат на домашен терен

Љубителите на спортот утре во Кисела Вода ќе имаат можност да проследат два кошаркарски натпревари, на кои сениорите и младинците на „Ангели“ ќе играат за првите места на табелата.

Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 18:15 часот во рамки на втората кошаркарска лига сениорите ќе играат за првото место на табелата против КК „Црн Дрим“ од Струга. Додека, во истата сала од 20:15 часот младинците М18 силите на теренот ќе ги одмерат против екипата на КК „Вардар“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток