Првиот ден е младинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат кратки филмови од средношколци и студенти, вториот ден се театарските перформанси на кој студентите и средношколците ќе можат да се претстават со своја кратка театарска претстава, а третиот ден е свирка на средношколски бендови и дигиталната изложба која вклучува ликовни дела и фотографии од средношколци.
„Три дена култура 2“ ќе се одржи на 7,8,9 март 2019 во СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
На првото издание на Три дена култура кое се случи во февруари оваа година, учество земаа повеќе од 200 средношколци во сите категории, а настанот беше посетен со повеќе од 1000 гости за сите три дена. Второто издание на фестивалот е во организација на Art house Karev.
