Скопје

Во изминатите три дена во Скопје се случиле 27 сообраќајни несреќи

Во текот на изминатите денови (30.11, 01 и 02.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 12 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди и 16 лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 77 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 44 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 23 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 18 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и 17 возачи поради недопоседување пропишана зимска опрема. Во однос на пешаците санкционирани се 20 пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и 10 пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 210 мандатни платни налози и 125 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток