Македонија

Со сведочењето на обвинетиот Младеновски се размота клопчето за насилниот упад во Собранието на 27 април

,УБК во соработка со криминални групи го организираа насилниот упад во Собранието на 27 април“-се бранеше пред судот еден од обвинетите кој и самиот беше дел од насилничките групи при упадот во Собранието на 27 април, пишува Ако.

Обвинетиот Михаил Младеновски кој сведочеше за тоа како сѐ се случило на 27 април минатата година и е брат на Стефан Младеновски, исто така обвинет , сведочеше идентично како него.

Инаку, Михаил Младеновски е познат по тоа што промени неколку пратии. Тој од младинската организација на СДСМ, премина во ВМРО ДПМНЕ и потоа жестоко ги бранеше политиките на Никола Груевски. Често изнесувајќи партиски внатрешни работи од времето кога беше член на СДСМ. Оваа партија кога беше во опозиција објави фотографија направена во 2012 година кога беше на дело најцрната кампања против нив од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Тогаш, Младеновски обвини дека така наречениот Команднт Коки близок до СДСМ, наводно го малтретирал по што беше уапсен.

Браќата Стефан и Михаил Младеновски, дел од обвинетите за 27 април, сведочеа идентично. Денеска Михаил Младеновски, ја даде својата одбрана како учесник во организираниот напад на Собранието на 27 април лани.

И тој како и брат му сведочеше дека за време на нападот им било кажано дека се јавил Синиша Алексовски, советник за национална безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, и кажал дека Претседателот ќе прогласи воена состојба во 22 часот.

-,,Екс директорот на УБК Атанасовски ги злоупотреби патриотскиѕе здруженија за напад врз Собранието“-рече пред судот Михаил Младеновски.

„Од денешен аспект, гледам дека се работи за монструозна конструкција поради која сите сме денес тука. Преку Александар Василевски-Нинџа во кафулето ,,Аристократ’ во 2016 година се запознав со Владимир Атанасовски, тогашниот директор на УБК. Близок пријател со Нинџа. На изборите на крајот на годината двете партии прогласија победа. Атанасовски рече преку протести да се врши притисок врз гласањето во ДИК, во корист на ВМРО-ДПМНЕ“-сведочеше Младеновски.

,,Ден пред гласањето, во ,,Аристократ“ дојдоа Владимир Атанасовски, Никола Бошковски од УБК кој сега е избеган во Грција, Дејан Димковски-Боксер од Петтата управа, Мери од кабинетот на директорот на УБК, Нинџа, Никола Митревски-Кољо и други. Рекоа, на знак на Нинџа ќе треба да се фрлаат молотови коктели. Користевме шифри во комуникацијата на сигнал или на вибер. Шифрата за Нинџа беше Самурај, така се водеше во комуникацијата на функционерите во УБК. За тоа дали ќе се дејствува вечер пред зградата на ДИК, имаше шифра 1. Тоа беше за напад. Нула беше за да остане ситуацијата иста, да не се нападне зградата. Директорот Атанасовски испрати шифра нула“, рече Михаил Младеновски, пренесува Макфакс.

Обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски со своето сведочење практично ја разобличија целата структура која ги организираше нападите врз партениците на СДСМ на 27 април минатата година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток