Советникот за стратегија и развој во Секторот за поддршка на градоначалникот на Град Скопје, Тони Масевски, денеска учествуваше на италијанско – македонскиот бизнис форум на тема „Инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Македонија“, што се одржа во хотелот „Мериот“, во организација на Амбасадата на Италија во Република Македонија и Италијанската агенција за трговија (ICE), во соработка со Италијанското здружение на приватни градежни компании (ANCE) и Италијанското здружение за инжинерство и градежништво (OICE).
Масевски пред присутните ги презентираше најзначајните проекти од областа на инфраструктурата, транспортот, животната средина и развојот кои Градот Скопје ќе ги реализира во иднина, а може да се интересни за италијанските инвеститори.
На форумот присуствуваа и амбасадорот на Италија во РМ, Карло Ромео и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, а свои презентации за крупни развојни проекти имаа и претставници од министерствата за животна средина и просторно планирање, економија и транспорт и врски.