Македонија

Граѓаните ја губат довербата во СЈО покажува анкетата на Телма и МЦМС

Мнозинство од 53,5 % од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имаше голема поддршка, пишува Телма.

Расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудтсвото. Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 % немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % процентни или 32,7 отсто имаат доверба. Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем а 33, 3 отсто имаат доверба.

Но ова е само еден дел од анкетата на Телма и МЦМС изработена од М Проспект . Вечерва во Топ Тема на Ваша страна ги поставуваме прашањата и кои се проблемите кои најмногу ги загрижуваат граѓаните. Прв пат политичките прашања паднаа на дното, а загадувањето станува алармантно. Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток