Македонија

Променливо облачно време со температура до 14 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла по одделни котлините и по речните долини. Кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд и снег на планите во северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен а наместа засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а кон крајот на ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната максимална температура ќе достигне до 8 степени.

Утре во раните утрински часови сè уште ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Потоа во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а за викендот се очекува нов влажен бран.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток