Македонија

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Минатото рочиште за „Таргет-Тврдина“ беше одложено поради краткото време за доставување на барањето за спроведување на Сашо Мијалков од притвор.

Во „Таргет – Тврдина“ покрај поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Тие се обвинети дека преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Во Кривичниот суд рочиште треба да се одржи и за случајот „Тендери“, каде поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток