Македонија

Облачно и студено време со засилен северен ветер, од следната недела снег

УХМР информираат дека денес во раните утрински часови ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 степени, а дневната температура ќе се искачи до 13 степени. Во Скопје слично време со максимална температура од 10 степени.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Под влијание на нов влажен бран од сабота попладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои поради спуштање на студен воздух од север во недела и понеделник на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток