Македонија

Пронајдени 305 грама марихуана во возило

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.П.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 10.09.2018 година околу 23,30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, на наплатната рампа во село Желино, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко моторно возило ,,Форд“ , управувано од пријавениот, пронајдени и одземени се 305 грама марихуана.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток