Македонија

Инфо-сесија за вториот јавен повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска присуствуваше на инфо-сесијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, на која присуствуваше и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.

Министерот Фазлиу пред присутните се осврна на улогата и важостана на прекуграничната Програма меѓу Македонија и Албанија, приоритетните цели и спроведувањето на проектите во рамките на вториот јавен повик. Вториот јавен повик, истакна Фазлиу, беше објавен на 29 ноември и е добра можност за општините и другите субекти како потенцијални корисници, да придонесат за подобрување на развојните перпективи на локалните заедници и регионот.

„Вториот, актуелен повик за доставување на проектни предлози на располагање ни става нови 2,890,000 евра. Врз основа на резултатите кои произлегоа од анализа на потребите во рамите на Вториот повик ќе се поддржат активности во функција на поттикнување на туризмот и културното и природно наследство, заштита на животната средина, унапредување на приспособувањето на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик“, изјави Фазлиу.

Во овој повик се зголемени износите за секој поединечен проект на минимум 300.000 евра до максимум 600.000 евра и се продолжува периодот на имплементација на проектите од минимум 18 месеци до максимум 36 месеци,, рече минитерот Фазлиу. То истакна дека за да се зголеми самоодоржливоста на резултатите од имплементацијата на проектите се воведува категорија инвестиции во набавка на опрема, инфраструктура и градежни работи, кои треба да изнесуваат најмалку 60% од вкупните подобни трошоци, односно од буџетот на проектите и секоја апликација треба да вклучува најмалку една локална власт како водечки апликант или ко-апликант од секоја земја корисничка, една општина од Република Македонија и една општина од Албанија.
Пред присутните зборуваше и преставникот на Делеггацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини а подетално за Програмата и вротиот јавен повик за итата се осврнаа преставници од оперативните структири на Минитерството за локална самоуправа и Делегациата на ЕУ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток