Македонија

СДСМ: Сите злоупотреби на институциите биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните секојдневно гледаат што се случувало за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Секојдневно се објавуваат нови докази, одекнуваат сведоштва за монструозни планови и тешки злоупотреби на партизираните институции, на МВР, на УБК, во време на режимот на Никола Груевски, велат од СДСМ.

„Сите овие злоупотреби биле координирани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата партија на која генерален секретар бил Христијан Мицкоски, човекот што добил бизниси за хидроцентрали од владата на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и симбол за злоупотреба на институциите за најголемиот скандал за прислушување во Европа.

Граѓаните многу добро знаат кој со години нелегално ги следеше нивните комуникации. Јавноста и граѓаните се згрозени од вистината, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски ги следела лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како ги снимала домовите на новинари и интелектуалци противници на режимот“, додаваат од спартијата.

Според нив низ јавна, транспарентна постапка, преку сведочења на обвинети лица, јавноста дозна за монструозноста на планот на ВМРО-ДПМНЕ дури и по цена на човечки жртви да не дозволи пад на нивниот режим.

„После сите овие признанија, врв на лицемерие денес анитнародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ некого да обвинува за незаконско следење.

Лагите и лецемерието на ВМРО-ДПМНЕ е целосно прочитано од граѓаните, бадијала шират лаги.

Започнатата истрага од надлежните институции ќе открие, кој ја нарачал, поставил и дали ја користел опремата за прислушување во Јавното обвинителство, инсталирана уште во 2013 година. Одговорност ќе има“, стои во партиското соопштение.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток