Скопје

„Силбо“ два месеци работи на диво

Пекарата „Силбо“ во ТЦ Бисер во скопски Аеродром два месеци работи на диво без дозвола за работа пред очите на инспекциите и градоначалникот на Аеродром Здравко Марин, реагираат дуќанџиите од трговскиот. Прашуваат кој ја штити пекарата која иако не требаше ниту да се отвори додека не ги отстрани нелегалните делови од објектот кој е дивоградба, од септември работи турбо, а сега бидејќи нема ниту дозвoла за работа од Град Скопје има и ново решение од Општина Аеродром за целосно уривање.

„Дуќанџиите трпат штети, бидејќи пекарата не работи според законот, а ниту Градоначалникот Марин ниту општинската инспекција не реагираат- вели Марјан Милчевски, дуќанџија од Бисер.

Од Град Скопје за Телевизија 24 потврдуваат дека пекарата од почетокот на октомври нема дозвола за работа.

„Објектот нема дозвола за работа која ја издава Град Скопје. Иако 30 дена пред истекот на претходната дозвола требало да побараат нова, тие немаат побарано. Не знаеме дали ќе им одобриме, со оглед на тоа што има решение за отстранување. Бидејќи ние немаме градежен инспекторат, надлежноста останува на инспекторатот на Општина Аеродром“- изјавија од Град Скопје за ТВ 24.

Од Општина Аеродром велат дека сега чекаат одлука за втората жалбена постапка во која „Силбо“ го обжали решението за целосно отстранување на објектот.

„Градежната инспекција на Општина Аеродром донесе Решение за отстранување на урбаната опрема на пекарницата „Силбо“ на 5.11.2018 година. По вложената жалба од пекарницата „Силбо“, во очекување сме на одговор на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа од инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка.“ – велат за ТВ 24 од Општина Аеродром.

Претходно „Силбо“ се жалеше, но второстепената комисија ја одби неговата жалба и наложи отстранување на неправилностите, при што Општина Аеродром не постапи по тоа решение. Сега откако „Силбо“ нема ниту дозвола за работа од Град Скопје, Аеродром повторно чека исход од жалебаната постапка иако според законот жалбите не го одложуваат извршувањето. Од Аеродром се правдаат дека сакаат потврда на нивното решение за да не се доведат во ситуација да плаќаат пенали на „Силбо“.

Сопственикот на „Силбо“ пак Силјан Милев во изјава за ТВ 24 признава дека сега работи и без дозвола, но доколку го рушат најавува дека правдата ќе ја бара на суд.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток