Македонија

СДСМ: Се преземаат акции со цел нивото на загадување во следните две годни да се намали за 30 до 50 отсто во цела Македонија

ВМРО ДПМНЕ цели 11 години го игнорираше проблемот со аерозагадувањето. Исто толку време, преку погубните криминални политики системски влијаеше на уништување на зеленилото и загрозување на животната средина, велат од владејачката СДСМ.

„За разлика од таквиот неодговорен однос, денес, Владата предводена од СДСМ, надлежните институции, Министерството за животна средина, инспекторатите, Град Скопје и општините секојдневно на централно и локално ниво преземаат мерки за справување со проблемот со аерозагадувањето.

Дел од мерките за поздрава животна средина се и интезивното обновување на постоечкото и подигање на ново зеленилото, преку масовсно засадување на дрва и создавање на заштитни зелени појаси.

Во општина Аеродром засадени се 1.800 високоизраснати дрва, при што е опфатен просторот околу училиштатата и поликлиниката Јане Сандански во оваа општина.

По пролетната акција за зазеленување кога беа засадени околу 4.000 садници во Скопје, во тек е и есенска акција за засадување на дополнителни 3.500 висококвалитетни садници во сите општини на територија на Град Скопје.

Се врши замена на сите исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни листопадни садници, при што се опфатени главните булевари во град Скопје каде што се одвива најголемиот сообраќаен метеж и загадувањето е поголемо.

Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници.

Набавени се 1.700 садници коишто се засадуваат во дворовите на градинките низ државата.

Интензивно се подигнуваат нови зелени површини. Само во Скопје во последните шест месеци, обновени се и подигнати се нови зелени површини од над 50.000 квадратни метри.

Од страна на АД ЕЛЕМ започната е сериозна акција за пошумување на просторот околку РЕК Битола со засадување на околу 50.000 висококвалитетни садници.

Паралелно со акциите за зазеленување се реализираат бројни мерки против загадувањето. Се набавуваат нови еколошки автобуси, се обновуваат фасадите, се субвенционираат трошоците за набавка на еколошки печки на пелети, се заменува греењето на училиштата со еколошки енегенси, постојано се расчистуваат диви депонии, засилен е инспекцискиот надзор против сите извори на загадување.

Се преземаат бројни акции низ здружена, координирна акција на сите институции со цел да се реши проблемот со загадувањето, а нивото на загадување во следните две годни да се намали за 50 остсо во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток