Македонија

Џафери со честитка по повод празникот Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка. Во продолжение интегрално ја пренесуваме честитката:

Дозволете ми, од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија да го честитам 8-ми декември, празникот Свети Климент Охридски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква и на сите припадници на православната вера.

Знаењето, просветувањето и просветлувањето на умот биле водилка за Свети Климент Охридски кој работел неуморно на продолжувањето на мисијата на светите Кирил и Методиј, во создавањето на Охридската книжевна школа и Охридската Архиепископија, а не помалку вредна за чествување е и неговата преведувачка дејност. Тој верувал дека само така може да го изрази своето човекољубие и да даде придонес во облагородувањето на човештвото.

Почитувани граѓани, ви посакувам убав празничен ден, исполнет со душевен мир и семејна топлина, со верба и надеж дека сите знаеме како меѓусебно да се почитуваме, сакаме и можеме да бидеме подобри луѓе, вредни граѓани на заедницата и одличен пример за регионот и светот.

Нека е честит и вековит празникот!

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток