Скопје

Санкционирани 189 возила во Општина Центар

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на минатата недела на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 03.12. до 08.12.2018 година, санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум (8) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби“, велат од Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток