Македонија

Возило удрило во бандера, двајца со тешки телесни повреди

На 10.12.2018 година во 00,10 часот било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат село Радиовце — село Брвеница со локалниот пат за село Челопек Г.З.(28) од село Непроштено, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Д.(24) од село Лешок, М.В.(27) од село Сарачино, а возачот Г.З. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток