Македонија

Облачно и студено време со температура до 6 степени

Денес времето ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -8 до 1 степен, а дневната од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат под -10 степени. Во четврток ќе има локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и сабота по котлините ќе има услови за појава на магла.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток