Без струја утре од 8:30 до 10 часот ќе останат корисниците од дел од улиците Студеничанска и „Јустинијан Први”.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје без струја од 8:30 до 15:30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Чернопеев” и од 11 до 15 часот корисниците од дел од Булевар „Кочо Рацин”, улиците „Стив Наумов”, „Тетовска” и „Јосиф Јосифовски”. Прекинот со струја е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Од РЦУК информираат дека паради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник ф – 80 мм на улицата „Антоние Грубишиќ” б.б. утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица и улицата „Пиринска”.